Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?
- Од каде ви се рибите? Знаете ли дека треба да бидат во фрижидер? Исто така, мора да имате на писмено од каде се. Маслинки вака не можат да се продаваат. Може да се контаминираат, а вие немате ракавици. Во иднина може да ги продавате само запакувани - им кажа на тезгаџиите Божин Петрески од Дирекцијата за храна.
Министерот за здравство изјави дека, по први мај, производителите кои нема да ги имплементираат принципите од ХАСАП системот ќе заработат казни согласно Законот за безбедност на храната.
- Обврската за Хасап не е од вчера и тие знаат за тоа со години. Ја зедовме предвид и глобалната економска криза. Ова е тежок процес, кој можеби во првата фаза ќе предизвикува проблеми и незадоволство кај граѓаните, меѓутоа на крајот ќе имаме производители кои ќе имаат квалитетна и здрава храна и која ќе биде добра и за извоз, а и ќе го гарантира здравјето на граѓаните на Македонија - изјави Бујар Османи, министер за здравство.
Што се однесува до приватните консултантски куќи кои ги советувале производителите околу Хасап системот, министерот за здравство изјави дека тие не се авторизирани од министерството. Дирекцијата за храна била надлежна за акредитирање на производителите.
(ТВ Сител)
Минималната заработувачка во Србија непроменета 11:58
Бугарија во втората половина годинава ќе почувствува последици од кризата 11:26
Макпетрол изгуби 2.50% од својата вредност 11:20
Ќе се приватизираат 45 електрани во Турција 11:10
Горење ланската година ја заврши со загуба 10:53
Романија и Летонија добија нова кредитна линија од ЕУ 10:40
Макстил со пад од 2.52% 10:20