Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Српските “Железници“ ќе се обновуваат

12.03.2010 | автор: Мк Фондови

Српските Железници во наредните денови ќе потпишат договор за ремонт и набавка на нови вагони и локомотиви.


Обезбедените пари од Владата на Србија (2,1 милијарда динари), ќе бидат искористени за вршење на ремонт на 70 патнички и 765 товарни вагони, 14 локомотиви, 2 електромоторни возови, 10 патнички возови ќе бидат модернизирани, а ќе се врши набавка и на 50 товарни вагони.

Програмата која што се однесува на поттикнување на производство и ремонт на шинските возила е од огромно значење за српската железница, која функционира со опрема стара три децении и константно се соочува со недостаток на вагони и локомотиви.