Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Апликациите на “Гугл“ ќе се продаваат онлајн

11.03.2010 | автор: Мк Фондови

Најголемиот светски веб пребарувач “Гугл“, на пазарот лансира виртуелна продавница ГАМ (Google Apps Marketplace).


Преку оваа продавница ќе се врши продажба на онлајн услуги од други произведувачи на работни софтвери.

“Гугл“ од онлајн продажбата ќе заработува по 20% и веќе може да се пофали со 50 софтверски издавачи, кои прифатија да ги продаваат своите веб програми преку  виртуелната продавница ГАМ.

Меѓу издавачите во оваа виртуелна продавница на “Гугл“ се најдоа и “Инстуит“ и “ Кондор текнолоџис“.