Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Окта, Макпетрол и ФЗЦ 11 Октомври со најголем пад денеска

11.03.2010 | автор: од берзата
Окта, Макпетрол и ФЗЦ 11 Октомври со најголем пад денеска

Резиме на денешното тргување.


На крајот на денешното тргување МБИ-10 затвори со пад (0.29% - 2.822,13 индексни поени), МБИД истотака затвори пад (0.42% - 3.154,83 индексни поени), додека ОМБ немаше промена (111,46 индексни поени).

Кај МБИ-10 со пораст затворија акциите на Комерцијална Банка (0.07% - 3.199,95 денари по акција), Топлификација (0.02% - 4.800,82 денари по акција) и ЗПКО Пелагонија (1.54% - 2.741,67 денари по акција).
Со пад на вредноста затворија Гранит (0.14% - 800,00 денари по акција), Макпетрол (1.88% - 32.819,72 денари по акција), Макстил (0.45% - 242,11 денари по акција), Алкалоид (0.05% - 4.824,79 денари по акција) и Стопанска Банка Битола (0.61% - 2.926,56 денари по акција).

Кај МБИД со пораст затворија Македонски Телеком (1.11% - 514,99 денари по акција) и Тутунска Банка (0.05% - 5.102,98 денари по акција).
Падна вредноста на акциите на ФЗЦ 11 Октомври (1.53% - 1.081,63 денари по акција), Стопанска Банка Скопје (0.62% - 260,00 денари по акција) и Окта (3.17% - 3.050,00 денари по акција).

Обврзниците се тргуваа без промена на вредноста, РМДЕН04 (87.10% по обврзница) и РМДЕН05 (87% по обврзница).

Денешниот промет изнесува 5.828.226,22 денари.