Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

БМВ ги надмина очекувањата на аналитичарите

11.03.2010 | автор: Мк Фондови

Најголемиот светски производител на луксузни автомобили БМВ (Bayerische Motoren Werke- BMW) извести дека остварената добивка на годишно ниво ги надминала очекувања на аналитичарите.


Нето добивката на германскиот производител лани изнесувала 210 милиони евра, додека пак во 2008 година заработката била на ниво од 330 милиони евра.

Очекувањата на аналитичарите беа дека ланската добивка ќе изнесува 167 милиони евра.

Приходите од продажба на БМВ е намалени за 4,7 отсто на 50,7 милијарди евра, се вели во известувањето на компанијата.

Испораката на моделите на БМВ во 2009 година во Германија е намалена за 9,4 отсто, додека пак на пазарот во САД испораката бележи пад од 20 отсто.