Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Ќе почека одмрзнувањето на платите и пензиите во Србија

11.03.2010 | автор: Мк Фондови

Одмрзнување на пензиите и платите во јавниот сектор во Србија во блиска иднина нема да има.


За ваквиот чекор најмногу би се размислувало дури откако ќе се увидат првите знаци на подобрување на економската состојба или кога ќе биде забележан раст во производството и извозот.

Во врска со зголемувањето на пензиите и платите, економистот Јуриј Бајеч на бизнис форумот кој денес завршува во Копаоник, изјави дека во втората половина од годината, за овој проблем ќе се разговара со претставниците на ММФ.

Бајеч  вели  дека Србија најпрво мора да работи на зацврстување на индустријата, како и на зголемувањето на производството и извозот.