Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Македонската Берза го промени правецот на движење

10.03.2010 | автор: од берзата

ЗПКО Пелагонија со пад од 1.82%

Иако во 10 часот индексите беа со мал пораст, во 11 часот сите три индекси се во црвено, МБИ-10 (0.16% - 2.837,09 индексни поени), МБИД (0.03% - 3.158,62 индексни поени) и ОМБ (0.64% - 111,46 индексни поени).

Кај МБИ-10 на следниве акции им падна вредноста, Макпетрол (1.08% - 33.633,00 денари по акција), Топлификација (0.01% - 4.799,67 денари по акција) и ЗПКО Пелагонија (1.82% - 2.700,00 денари по акција).

Алкалоид се тргува со пораст (0.17% - 4.828,98 денари по акција).


Кај МБИД со пораст е акцијата на Македонски Телеком (1.30% - 506,20 денари по акција), додека падна акцијата на Стопанска Банка Скопје (1.93% - 263,00 денари по акција).


Обврзниците РМДЕН08 остварија забележителен пад (2.30% - 85% по обврзница).


Прометот изнесува 6.546.454,82 денари.