Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Како резултат на преструктуирање Нокиа ќе подели 285 откази

09.02.2010 | автор: Мк Фондови

Гигантскиот произведувач на мобилни телефони Нокиа, ги објави плановите за преструктуирање во Финската фабрика во Салоу.


Нокиа има намера да се насочи кон производството на смарт телефони со што ќе дојде до елиминирање на 285 работни места.

Салоу е всушност клучниот дел на Нокиа во светската производствена мрежа. Во фабриката во Салоу моменталната бројка на вработени изнесува 2.200 лица,  но се очекува 285 од нив да добијат откази.

Сепак на веб - сајтот на компанијата беше објавено дека Нокиа има намера да бара алтернативни решенија, односно ќе се потрудат да најдат нови работни места во рамките на самата компанија.
 
Нокиа минатиот месец извести дека поради новите производи успеале да го зголемат уделот на светскиот пазар.