Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Невработеноста во Србија зголемена за 2,9 отсто

09.02.2010 | автор: Мк Фондови

Според најновите податоци на тамошната агенцијата за вработување во Србија бројот на невработени во месец јануари изнесува 751.590 лица или 2,9 отсто повеќе споредено со декември 2009 година.


Во податоците се гледа дека трендот на зголемување на бројот на невработени е започнат веќе од декември ланската година, по периодот на опаѓање од мај до ноември 2009 година.

Од вкупната работна сила во Србија во октомври 2009 година, стапката на невработеноста изнесувала 16,6 отсто, односно без вработување биле 517.000 лица постари од 15 години.

Најголема стапка на невработеност по градови е регистрирана во Нови Пазар со 50,8 отсто, Лесковац 41,5% и Лозница со 41 отсто, додека пак најниска стапка на невработеност е забележана во Белград со  13,4%, Нови Сад 16,9% и Пожаревац 17,5%.

Речиси 64,12 отсто или 481,922 лица од вкупниот број на невработени лица свое вработување чекаат повеќе од 12 месеци.