Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Безбедноста на храната ќе биде контролирана со еден закон, но од две агенции

06.02.2010 | автор: Сител

Ова е спротивно на европските препораки кои бараат целата надлежност да падне под само една институција.

И покрај измените, Дирекцијата за храна и Ветеринарната управа ќе надгледуваат дали во Македонија се почитуваат хасап стандардите.
 
Според Дејан Рунтевски новиот закон на сила ќе стапи за неполни два месеци. Тој предвидува исти рокови за имплементација на сите стандарди, кои се во насока на заштита на здравјето и интересите на потрошувачите при што ќе се уредуваат и официјалните контроли како и обврските на операторите со храна.
 
Директорот на Ветеринарната управа најави донесување и на закон за безбедност на храна за животните. Со него ќе бидат пропишани правилата за суровини и производи што се користат во исхрана на добитокот, а се со цел да се обезбеди уште поголем квалитет на крајниот производ.