Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Ново намалување на каматната стапка на благајничките записи

05.02.2010 | автор: Сител
Ново намалување на каматната стапка на благајничките записи

Уште една најнова причина да поевтинат кредитите - основната каматна стапка на Народната банка на Македонија, вчера падна за дополнителни 0,5 отсто и сега изнесува 7,5 отсто.


НБРМ ја намали и каматната стапка на ломбардните кредити од 9,5 на 9 отсто. Новото олабавување на монетарната политика се должи на оптимизмот дека амбиентот ќе се подобрува и дека дефицитот на тековната сметка ќе биде помал од проектираното. Тоа пак треба да доведе до подобро ниво на девизните резерви.
 
Сепак, Централната банка останува претпазлива. „Доколку капиталните приливи не се реализираат во предвидениот износ, товарот за финансирање на јазот во тековната сметка повторно ќе падне врз девизните резерви и затоа НБРМ ќе продолжи со водењето претпазлива монетарна политика“.
 
Намалувањето на каматните стапки би требало да одведе до поголем кредитен раст. Централата очекува наместо 6,5%, годинава тој да изнесува 9%. Порастот на кредитирањето, започнал уште во ноември, па така 2009 наместо со проектираните 2,6%, завршила со кредитен раст од 3,5%.
 
НБРМ ги ревидира и проекциите за падот на БДП за минатата година. Наместо 1,6% колку што претходно прогнозираше, сега очекувањата се дека БДП ќе падне за 1% затоа што негативниот тренд престанал во четвртиот квартал.
 
За 2010 проекциите остануваат непроменети, македонската економија ќе порасне меѓу 1 и 2%.
 
Во првиот квартал БДП се очекува да порасне за 0,4% пред се заради закрепнувањето на извозот и зголемувањето на личната потрошувачка.