Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Во Србија ќе се градат евтини станови субвенционирани од Владата

22.01.2010 | автор: Мк Фондови

Изградбата на евтини станови во Србија би требало да започне за неколку месеци и тоа најпрво ќе се стартува со изградба во Белград, Ниш, Крагуевац и Нови Сад, а потоа ќе се гради и во останатите градови низ Србија.


Максималната цена за квадрат ќе зависи од тоа во која област (зона) ќе се наоѓаат самите станови.
Становите во Белград кои ќе се наоѓаат во втора зона ќе чинат 1.595 евра за квадрат, третата зона - 1.290 евра за квадрат и четвртата зона ќе чини 945 евра од метар квадратен.

Во првата зона нема да се гради, исто така нема да има изградба ниту во екстра зоните.

Во Нови Сад првата зона - 1.100 евра, втора зона пак ќе чини - 895 евра.
Ниш и Крагуевац за првата зона - 900 евра, а за втората - 695 евра за метар квадратен.

Изградбата на станбени објекти во останатите градови низ Србија, ќе чинат по 695 евра за метар квадратен.

За изградба на овој вид на станбени објекти се предвидува да  бидат обезбедени две милијарди динари, а исто така и државата ќе субвенционира со дел од каматите.