Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Инвестко ДООЕЛ Скопје со нова понуда за даночните обврзници

09.02.2010 | автор: Мк Фондови
Инвестко ДООЕЛ Скопје со нова понуда за даночните обврзници

Македонската компанија Инвестко ДООЕЛ Скопје на даночните обврзници им нуди комплетна изработка на Аконтативни и Годишни даночни пријави по најевтини цени во градот.


Во известувањето на Инвестко ДООЕЛ Скопје (ул. Митрополит Теодосиј Гологанов 60/4-1; 1000 Скопје, Македонија; тел. +389 2 3239-205; факс. +389 2 3110-950) се вели дека единствено што треба е да се достават потребните документи за изработката на  Аконтативните или Годишните даночни пријави, а тимот на компанијата ќе ги изработи и поднесе вашите пријави во Управата за јавни приходи во утврдениот рок.

За изработка на Аконтативна даночна пријава потребно е да се поседува извештај од извршеното купување или продажба на хартии од вредност, додека пак за Годишната даночна пријава потребни се документи со кои се докажуваат сите остварени приходи во текот на целата година.

Цената за изработка на месечната Аконтативна даночна пријава во Инвестко ДООЕЛ Скопје изнесува само 100 денари, додека пак цената за изработка на Годишната даночна пријава изнесува 1.000 денари, се истакнува во известувањето на компанијата.

Аконтацијата на персоналниот данок на доход по одбивка се пресметува и плаќа на следните видови приходи:
1) личните примања;
2) приходите од авторски права и права од индустриска сопственост;
3) приходите од капитал;
4) приходите од имот и имотни права, ако исплатувачот на приходите води деловни книги;
5) добивките од игри на среќа и други наградни игри;
6) другите приходи за кои данокот на доход не се утврдува со решение на органот за јавни приходи.

Потсетуваме дека согласно одредбите од Законот за персонален данок на доход, од 1 јануари 2006 година се воведе оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност.

Како физичко лице - резидент на Република Македонија,  македонскиот граѓанин е должен да поднесе Годишна даночна пријава за остварените приходи од сите извори кои подлежат на оданочување во годината најдоцна до 15 март наредната година. Во наведените приходи се вклучуваат и остварените приходи од капитална добивка.