Сабота 31 Јули 2010
search
banner
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Услови за користење

Услови за користење

Синерџи Инвестмент ДОО Скопје ги објавува информациите и документите или другите писмени материјали на својата  интернет страница МК Фондови само за информативни цели. На МК Фондови се појавуваат рекламни содржини (рекламни пораки, огласи, банери и сл.) врз основа на договорениот однос со нас. Сите договорени и други односи во кои влегувате со лица кои се огласуваат на нашите страници ќе ги договорите со огласувачите. Ние не сме вклучени во тие односи и не превземаме одговорности кои произлегуваат од истото.

Исто така, нема да подржуваме огласи кои доведуваат во заблуда лица на кои е огласот упатен или пак би ги донеле во заблуда лицата за кои е огласот упатен и со што би се влијаело на економското однесување на тие лица (лажни огласувања).

 Во најголема можна мерка допуштена со важечките правни прописи, ја исклучуваме одговорноста за било каква штета сторена на корисниците или на трети лица во врска со закон забрането огласување. Сите Ваши замерки и барања во врска со содржината на огласите Ве молиме доставете ги на огласувачот.

Синерџи Инвестмент ДОО Скопје Ве информира дека пребарувањето на  интернет страниците на компанијата истовремено значи и прифаќање на следните услови: Интернет страницата  МК Фондови, содржината или било кој дел од истите се заштитени со авторски права. Само Синерџи Инвестмент ДОО Скопје има право да ги остварува правата кои произлегуваат од истите.

Содржината на интернет страницата МК Фондови треба да се толкува врз основа на оригиналните текстови, без промени. Може да се случи страницата да се промени независно од волјата или надвор од контрола на Синерџи Инвестмент ДОО Скопје. Поради тоа, освен ако не е поинаку предвидено со закон, компанијата не презема никаква одговорност за точноста, веродостојноста, навременоста или содржината на информациите, документацијата или другите писмени материјали објавени на интернет страницата.

Се забранува употреба, репродукција, пренос, дистрибуција, трансформирање или зачувување на содржините на интернет страницата во било каква форма, делумно или целосно, без претходна писмена дозвола од Синерџи Инвестмент ДОО Скопје . Сепак, како начин на слободно користење, компанијата Ви дозволува да ги зачувувате содржините од оваа страница или да ги печатите од вашиот компјутер, за Ваша лична употреба.

Синерџи Инвестмент ДОО Скопје го задржува правото да ја менува или трансформира својата интернет страница во било кое време. Исто така, Синерџи Инвестмент ДОО Скопје може да го ограничи или да го прекине пристапот до истата. Синерџи Инвестмент ДОО Скопје не гарантира непрекинат или безгрешен пристап до страницата. Компанијата категорично отфрла било какви штети и/или загуби кои произлегуваат од неовластен пристап до почетната страница, информациите, документацијата или до другите писмени материјали кои се достапни на истатата, несоодветна состојба на страницата за употреба, несоодветно функционирање, неправилности, било какви проблеми во функционирањето или нејзина нејасност.

Забрането е да се постави било каков линк со  интернет страницата без претходно писмено одобрение од Синерџи Инвестмент ДОО Скопје . Дури и да се добие такво одобрение за поставување на линк, забрането е вградување на било какви елементи од содржината на страницата во друга интернет страница (во форма на рамка или вграден линк). Исто така, со горенаведеното одобрение може да се воспостави линк само со почетната страница на www.mkfondovi.com. 
Синерџи Инвестмент ДОО Скопје не прифаќа било каква одговорност за содржините кои се воспоставени, пренесени, зачувани, ставени на располагање или објавени од трети страни со коишто е поставен линк или кои се однесуваат на страницaта МК Фодови.

Доставувањето на писмен материјал од Ваша страна (во e-mail порака испратена до било кој наш сервер или преку нашата интернет страница) значи прифаќање дека материјалот може да се објавува. Со доставувањето на материјалот до нас, прифаќате дека Синерџи Инвестмент ДОО Скопје може да го објавува – без никаква одговорност – и да ги користи неговите содржини (делумно или целосно) со објавување на Вашето авторство. Со доставување на таков материјал до нас, се согласувате дека материјалот или неговата содржина не ја прекршуваат личната интелектуална сопственост или други права на било која трета страна, и дека третите страни нема да покренат било какви судски процеси против Синерџи Инвестмент ДОО Скопје во врска со таквите права, нема да поднесат било какви барања или тужби, и на крајот, доколку било која трета страна поднесе тужба против Синерџи Инвестмент ДОО Скопје, вие целосно ќе ги надоместите трошоците на Синерџи Инвестмент ДОО Скопје.
banner