Од тргувањето во 12:00 часот: Топлификација со пораст од 1,21% 30.07.10 | 12:09
Од тргувањето во 11:00 часот: Комерцијална Банка со пораст од 0,33% 30.07.10 | 11:13
Нетрговски трансфери на акции од котирани друштва 30.07.10 | 10:00
www.cdhv.org.mk Централен депозитар за хартии од вредност
www.sec.gov.mk регулатор на пазарот со хартии од вредност
www.nbrm.gov.mk Народна Банка на РМ
Илирика Глобал – Растечки пазари претставува отворен акциски инвестиционен фонд чии средства се инвестираат на глобалните брзорастечки пазари на капитал. Со фондот Илирика Глобал – Растечки пазари управува друштвото за управување со фондови Илирика Фонд Менаџмент АД Скопје.
Инвестициона политика
Инвестиционата политика на Илирика Глобал – Растечки пазари претежно е насочена кон инвестирање во акции. Дел од имотот на фондот може да се вложува и во должнички хартии од вредност - обврзници и комерцијални записи, со цел да се намали степенот на ризик на фондот.
Средствата на Илирика Глобал – Растечки пазари друштвото ги инвестира на светските развиени и брзорастечки пазари на капитал (во САД, ЕУ, Јапонија, Канада, Австралија, Латинска Америка, Азија, Источна Европа и Африка)
Структура на инвестициите
· Друштвото ќе инвестира најмалку 55% од вкупните средства на фондот Илирика Глобал – Растечки пазари во акции на издавачи чие седиште односно претежна дејност се врши на територијата на развиените и растечките земји од светот и максимално 45% во акции на компании од земјите од бивша Југославија.
· Друштвото ќе инвестира најмногу 30% од вкупните средства на фондот Илирика Глобал – Растечки пазари во обврзници, комерцијални записи и хартии од вредност од нови емисии, издадени од издавачи лие седиште односно претежна дејност се врши на територијата на земјите од Југоисточна Европа.
· Најмногу 25% од вкупните средства на фондот Илирика Глобал – Растечки пазари може да се инвестираат во финансиски деривати и депозити во Република Македонија.
| EUR | 61.5063 |
|---|---|
| USD | 47.2109 |
| GBP | 73.6691 |
| CHF | 45.4223 |
| SEK | 6.5201 |
| NOK | 7.7459 |
| JPY | 0,54 |
| DKK | 8.2548 |
| CAD | 45.716 |
| AUD | 42.5178 |
| Благајнички записи | 5.00 | 0% |
|---|---|---|
| Ломбарден кредит | 6.50 | 0% |
| СКИБОР 3 M | 6.49 | 0% |