Сабота 31 Јули 2010
search
Линкови

www.finance.gov.mk Министерство за Финансии на РМ

www.sec.gov.mk регулатор на пазарот со хартии од вредност

www.mse.com.mk Македонска Берза

Фондови

Илирика ЈИЕ

Отворениот инвестиционен фонд ИЛИРИКА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА е основан и со него управува Друштвото за управување со фондови ИЛИРИКА ФУНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје.

Фондот е основан на ден 26.10.2007 година врз основа на одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија бр. 07-2268/9 од 26.10.2007 година. Фондот е основан на неопределено време.Стручноста, знаењето и искуството на ИЛИРИКА ФУНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје, регионалната позиционираност, брендот и угледот на Илирика групацијата се гарант за квалитетна услуга и посветеноста кон клиентот.

Цели и инвестициона политика на Фондот

ИЛИРИКА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА – отворен инвестиционен фонд претставува отворен инвестиционен фонд, што значи дека Друштвото, на барање на инвеститорите, ќе врши продажба/откуп на документи за удел во Фондот, во согласност со Законот за инвестициони фондови (во понатамошниот текст: Законот), Статутот и Проспектот на Фондот.Фондот се основа со цел прибирање парични средства преку јавен повик за продажба на документи за удел во Фондот и вложување на прибраните парични средства, во согласност со Законот, Статутот и Проспектот на Фондот.Друштвото има за цел прибраните парични средства во Фондот да ги вложува на домашни и странски пазари на хартии од вредност заради остварување принос, пред се на долг рок.Во Фондот можат да вложуваат домашни и странски, правни и физички лица.

Ивестициона политика
 

Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во хартии од вредност на издавачи чие седиште односно претежна дејност се врши на територијата на следните земји од Југоисточна Европа:Албанија, Австрија Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Полска, Романија,Русија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Украина ,Унгарија, Црна Гора, Чешка и Хрватска.Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во следните инструменти:
а) Хартии од вредност кои котираат или со нив се тргува на берза или се продаваат на пазар на пари или на друг регулиран пазар и
б) Хартиите од вредност од новите емисии, ако условите за нивно издавање содржат обврска за поднесување барање за вклучување на хартиите од вредност на некоја берза, пазар на пари или на некој друг регулиран пазар.


Вид на инструменти Земји на издавачите на хартии од вредност/инструменти Процент на вредноста на средствата од фондот
Акции Земји на издавачите на хартии од вредност наведени во точка 2.1 Од 55% до 100%
Долгорочни должнички хартии од вредност Од 0% до 30%
Краткорочни должнички хартии од вредност Од 0% до 30%
Хартии од вредност од нови емисии (IPO) Од 0% до 30%
Финансиски дреивати Од 0% до 25%
Депозити Република Македонија Од 0% до 25%

Ограничувања на вложувањата

1) Во хартии од вредност на еден издавач, Фондот не смее да вложува повеќе од 20% од вредноста на неговиот имот. По исклучок, фондот може, без ограничување да инвестира во должнички хартии од вредност на Република Македонија;
2) Фондот може да стекнува најмногу до 20% од вкупниот број издадени акции на еден издавач;
3) Фондот може да стекнува најмногу до 15% од вкупната номинална вредност на должничките хартии од вредност издадени од еден издавач;
4) Фондот не може да инвестира повеќе од 15% од вкупниот број на акции издадени од еден издавач и повеќе од 10% од вкупната номинална вредност на должничките хартии од вредност издадени од еден издавач;
5) Депозитите во банки и други парични средства на Фондот можат да изнесуваат најмногу до 25% од вредноста на имотот на Фондот;
6) Фондот не смее да инвестира во хартии од вредност издадени од избраната депозитна банка или филијали на странска депозитната банка, како и во депозитни средства од тие институции.
7) Фондот не смее да инвестира во хартии од вредност издадени од други фондови.
8) Фондот може да го надмине максимумот предвиден со точка 2.3. број 4 при одредени пазарни нарушувања со одобрение на Комисијата, но обврзан е да го воспостави истиот откако повторно ќе се воспостават нормални пазарни услови.
9) Фондот може да го надмине максимумот предвиден со точка 2.3. број 5 за период од четири месеци од неговото формирање.

Трошоци на фондот
На товар на имотот на Фондот можат да се засметуваат следните трошоци и надоместоци:Трошоци за управување на Друштвото; Надоместок на депозитна банка и евентуално на други лица; Трошоци за Централен депозитар за хартии од вредност; Трошоци во врска со купопродажба на имот на Фондот; Трошоци за објавување; Други трошоци: трошоците за ревизија на финансиските извештаи на Фондот и други трошоци кои ќе произлезат во текот на работењето.

 

 

Согласно Законот за инвестициони фондови при купување на документи за удел и при нивниот откуп можат да се засметуваат следните трошоци:
  • Трошоци за издавање на документи за удел;
  • Трошоци за откуп и исплата на документи за удел;
  • Трошоци на печатење на документи за удел;
  • Останати трошоци.

Надоместок за управување

Друштвото наплатува надоместок за управување во висина од 2% годишно од вкупната вредност на имотот на Фондот и истиот во целост му припаѓа на Друштвото.Надоместокот се пресметува на дневна основа по пресметка на нето вредност на имотот на Фондот и претставува процент од нето вредноста на имотот на Фондот, кој се добива кога годишниот процент ќе се подели со бројот на денови во тековната година.Друштвото го наплатува надоместокот за управување последниот ден во месецот, како збир на сите дневни вредности на надоместокот за тековниот месец.

Надоместок на Депозитната банка и евентуално на други лица на товар на имотот на Фондот

Друштвото на товар на имотот на Фондот, плаќа надоместоци и трошоци на Депозитната банка за работите дефинирани во договорот со депозитна банка, Законот, Статутот и Проспектот на Фондот и Тарифата за надоместоци и трошоци за вршење на работи на депозитна банка.Друштвото на Депозитната банка, на товар на имотот на Фондот и плаќа надоместок во висина од 0,35% годишно од вредноста на нето имотот на фондот, за вршење на следните работи:

 

  • Чување на имотот на Фондот;
  • Обезбедува паричните средства од продажбата на документи за удел во Фондот веднаш да бидат уплатени на посебно отворена сметка на Фондот кај Банката;
  • Издава документи за удел, ги прима откупените документи за удел, врши исплата на сопствениците на документи за удел;
  • Ја утврдува вредноста на поединечниот удел во Фондот;
  • Извршува налози на Друштвото, во согласност со Законот и Статутот на Фондот;
  • Се грижи приходите од имотот на Фондот да се користат во согласност со Законот и Статутот на Фондот;
  • Ги евидентира сите промени на парични средства и хартии од вредност во кои се инвестирани средствата на Фондот во посебен систем на евиденција врз основа на добиена документација;
  • Податоци и информации, поврзани со работењето на Фондот.

 

Друштвото на Депозитната банка, на товар на имотот на Фондот и плаќа и за следното:

  • Трошоци за отворање и водење на сметки за парични средства и сметки за хартии од вредност во странство кај суб-депозитна банка и депозитари за хартии од вредност, во висина на стварни трошоци;
  • Трошоци во врска со судски постапки и постапки пред други државни органи, чиј предмет се правата, обврските и имотот на Фондот, во висина на стварни трошоци;
  • Трошоци во врска со поднесување на тужба за поврат на штета, која Друштвото ќе ја предизвика кај сопствениците на документи за удел со однесување кое е во спротивност со Законот, Статутот и Проспектот на Фондот, во висина на стварни трошоци и
  • Други стварни трошоци.

Трошоци за Централен депозитар за хартии од вредност

Друштвото на товар на имотот на Фондот, плаќа надоместок на Централниот депозитар за хартии од вредност за работите дефинирани во договорот со Централниот депозитар за хартии од вредност, Законот за хартии од вредност, Статутот и Проспектот на Фондот.За регистрирање на документите за удел во Централниот депозитар за хартии од вредност и нивно издавање во дематеријализирана форма, Друштвото на Централниот депозитар за хартии од вредност, на товар на имотот на фондот, му плаќа надоместок во висина од 0,2% годишно од нето вредноста на имотот на фондот.

Трошоци во врска со купопродажба на имот на Фондот

Овие трошоци ги содржат сите трошоци поврзани со купување и продавање на имотот на Фондот (на пример: трошоци за брокерски провизии, берзанска такса, такса за Централен депозитар на хартии од вредност, даноци и евентуални други трошоци поврзани со порамнување на трансакциите). Износот на овие трошоци не може да ги надмине стварните трошоци кои произлегуваат од договорите, односно тарифниците на односните институции и истите се на товар на имотот на Фондот.Трошоците за купување и продавање се разликуваат во зависност од типот на хартиите од вредност и големината на налогот.

Трошоци за објавувања

Овие трошоци ги содржат трошоците за објавување проспекти, финансиски извештаи и цена на уделот, како и трошоци за останати задолжителни објавувања согласно Законот. Износот на овие трошоци, кои се на товар на имотот на Фондот, не може да ги надмине стварните трошоци.

Други трошоци утврдени со Статутот на Фондот

На товар на имотот на Фондот се засметуваат и трошоците за ревизија на финансиските извештаи на Фондот. Овластен ревизор е Македонски ревизорски центар ДОО Скопје.

Трошоци на издавање на документи за удел

Надоместок за издавање на документи за удел (влезна провизија) претставува надоместок кој инвеститорот го плаќа при секоја уплата во Фондот.

Еднократна уплата

Надоместок за издавање на документи за удел се пресметува на вкупниот износ на извршената еднократна уплата, со примена на следните стапки, зависно од износот:

 

  • до 100.000 денари                                                   5%;
  • од 100.001 денари до 500.000 денари                   4%;
  • од 500.001 денари до 1.000.000 денари                3%;
  • од 1.000.001 денари до 3.000.000 денари             2%;
  • од 3.000.001 денари до 5.000.000 денари             1%;
  • над 5.000.001 денари                                             0,5%;



индекси
7d 1m 3m 6m 1y max

BLSE
7d 1m 3m 6m 1y max
хартии од вредност
0,00 0,00%
0,00 0,00%
0,00 0,00%
0,00 0,00%
0,00 0,00%
валути
EUR61.5063
USD47.2109
GBP73.6691
CHF45.4223
SEK6.5201
NOK7.7459
JPY0,54
DKK8.2548
CAD45.716
AUD42.5178
економски показатели
Благајнички записи 5.00 0%
Ломбарден кредит 6.50 0%
СКИБОР 3 M 6.49 0%