Стопанска банка а.д. Битола е акционерско друштво со својство на правно лице. Банката самостојно врши депозитни, кредитни и други банкарски работи, работи на платен промет во земјата и странство, работи со хартии од вредност и други банкарски работи во согласност со позитивните законски прописи, врз начелата на ликвидност, сигурност и рентабилност, заради генерирање на профит. Седиштето на банката е во Скопје.