Вторник 21 Мај 2013
search
Реплек АД (REPL)
11.03.2011
Close: 40256
Daily volume: 1
High: 40256
Low: 40256
52 week High: 48000
52 week Low: 35500
последни анализи
избрано од форумот

TELEKOM!!: Da ne e mnogu??? :lol:

Re: TELEKOM!!: Okolu 50 den...

TELEKOM!!: ZNAE NEKOJ NETO KOLKU KJE BIDE???...

Главна дејност на компанијата е трговија на фармацевтски производи и медицинска опрема. За таа цел компанијата има развиено мрежа од 23 аптеки. Исто така компанијата дополнително, во соработка со ланецот на маркети Хубо од Белгија поседува супермакет за широка потрошувачка каде на едно место може да се најдат најразновидни производство за домаќинство и се занимава со трговија на долна облека, со трговија на расветни тела и со угостителство.

Издадени акции:
Обични акции: 25.920
Приоритетни акции: 0
Вкупно: 25.920

Адреса: Ул.Козле 188
Телефон: +389 2 3081352, +389 2 3081348
e-mail адреса: info@replek.com.mk
http://www.replek.com.mk/
последна новина

„Реплек“ АД Скопје оствари позитивни резултати во првиот квартал од 2011 година - 17.05.2011


„РЕПЛЕК“ АД оствари неконсолидирана оперативна добивка во износ од 3.595 илјади денари во споредба со истиот квартал во претходната година, кога забележи оперативна загуба во износ од 404 илјади денари.



Зголемувањето на резултатот од оперативното работење произлегува од зголемување на неконсолидираните оперативни приходи за 17% и намалување на позначајните оперативни трошоци во однос на истиот период претходната година.

Намалувањето на неконсолидираната нето добивка пред оданочување за 48% во однос на истиот период во 2010 година произлегува од сметководствениот третман на учеството во резултатот на поврзаните субјекти. Правото на учество во резултатот од поврзаните субјекти ќе биде евидентирано во вториот квартал од 2011 година, се вели во известувањето на „РЕПЛЕК“ АД.

Групацијата РЕПЛЕК оствари зголемување на консолидираната оперативна добивка за 106% во однос на истиот квартал во претходната година. Зголемувањето на резултатот од оперативното работење произлегува од зголемување на консолидираните оперативни приходи за 26% и намалување на позначајните оперативни трошоци во однос на истиот период претходната година.

Консолидираниот финансиски резултат пред оданочување е зголемен за 84% во однос на истиот период претходната година.



TopMKD - Ранг листа на македонски веб сајтови