КЈУБИ АД Скопје се врати на цена од октомври 2006 год. - 12.02.2009
На крајот од денешното тргување МБИ-10 индексот има пад од 1,24% со вредност од 2.156,58 индексни поени исто и Индексот на Јавно поседуваните друштва МБИД има пад од 1% каде вредноста е 2.264,79 индексни поени. ОМБ индексот е со пораст од 0,28% со вредност од 107,76 индексни поени.
Од МБИ-10 индексот со најголем пад е Гранит АД Скопје од 3,49% со просечна цена од 521,16 денари по акција. Комерцијална Банка АД Скопје е со пад од 2,88% со просечна цена од 2.516,78 денари по акција. Алкалоид АД Скопје е исто со пад од 1,82% со просечна цена од 3.338,25 денари по акција и Макпетрол АД Скопје е со пад од 1,54% со просечна цена од 32.001,50 денари по акција. Макстил АД Скопје е со пораст од 3,49% со просечна цена од 159,38 денари по акција. Мал пораст има Земјоделскиот комбинат Пелагонија Битола (ЗПКО) од 0,12% со просечна цена од 2.794,95 денари по акција. Топлификација АД Скопје е со минимален пораст од 0,02% со просечна цена 2.943,48 денари по акција. Без промена на цените се тргуваа Стопанска Банка АД Битола (2.850,00) денари по акција и Охридска Банка АД Охрид (1.950,00) денари по акција.
Со најголем пад од МБИД индексот е КЈУБИ Осигурување АД Скопје од 13,89% со просечна цена од 620,00 денари по акција. Стопанска Банка АД Скопје е исто така со доста голем пад од 5,94% со просечна цена од 170,00 денари по акција и Тутунска Банка АД Скопје е со пад од 2,70% со просечна цена до 4.185,38 денари по акција. Додека со пораст беа ФЗЦ 11 Октомври Куманово АД Куманово од 6,64% со просечна цена од 902,66 денари по акција. Македонски Телекомуникации АД Скопје се со пораст од 2,35% со просечна цена од 349,17 денари по акција и Арчелормиттал (ХРМ) е со пораст од 2,42% со просечна цена од 110,00 денари по акција.
Кај обврзниците со најголем пораст се обврзниците од седмата емисија за денационализација РМДЕН07 од 0,84% со просечна цена од 83,80% по обврзница. Со пораст се обврзниците од старо девизно штедење РМ01 од 0,22% со просечна цена од 93,20% по обврзница и со минимален пораст се обврзниците од шестата емисија за денационализација РМДЕН06 од 0,04% со просечна цена од 83,50% по обврзница. Додека без промена на цената се обврзниците од третата емисија за денационализација РМДЕН03 (87,20%) по обврзница.
Прометот за денеска е следниот:
Обврзници 1.498.615,15 денари
Акции 8.082.266,00 денари
Вкупно 9.580.881,15 денари