Огромен пораст на КЈУБИ АД Скопје од 25% - 22.09.2009
Состојбата на Македонската Берза АД Скопје во 13.00 часот e следната: МБИ-10 има пад (1,65% - 2.895,67 индексни поени), МБИД е со пораст (1,51% - 2.788,45 индексни поени) и ОМБ е со пад (0,12% - 105,27 индексни поени).
Кај МБИД-10 индексот со пад затворија: Топлификација АД Скопје (2,88% - 5.331,00 денари по акција), Гранит АД Скопје (2,85% - 736,00 денари по акција), Алкалоид АД Скопје (2,74% - 4.885,00 денари по акција), Макпетрол АД Скопје (2,37% - 39.988,00 денари по акција), Бетон АД Скопје (1,20% - 11.500,00 денари по акција), Комерцијална Банка АД Скопје (1,14% - 3.036,00 денари по акција) и Стопанска Банка Битола (0,96% - 3.510,00 денари по акција). Со пораст затвори единствено Макстил АД Скопје (2,88% - 203,00 денари по акција).
Кај МБИД индексот со пораст затворија: Арцелормиттал (ХРМ) (РЖЛЕ) (9,27% - 165,00 денари по акција), Стопанска банка АД Скопје (2,76% - 265,00 денари по акција), ОКТА АД Скопје (1,32 - 3.151,00 денари по акција) и Македонски Телекомуникации АД Скопје (0,51% - 423,00 денари по акција). Со пад затвори Попова Кула АД Демир Капија (9,09% - 30,00 денари по акција). Без промена се тргуваа: ФЗЦ 11 Октомври (1.210,00 денари по акција) и Прилепска пивара АД Прилеп (9.455,00 денари по акција).
Кај ОМБ индексот со пад затворија: обврзниците РМДЕН04 (0,59% - 84,50% по обврзница) и обврзниците РМДЕН08 (0,38% - 78,09% по обврзница). Додека со пораст затворија обврзниците РМДЕН06 (0,62% - 81,50% по обврзница).
Кај Останатите компании со пораст затворија: КЈУБИ АД Скопје (25% - 750,00 денари по акција) и РЖ Услуги (7,84% - 408,00 денари по акција). Додека со пад зарвори само УНИ Банка АД Скопје (11,11% - 800,00 денари по акција).
Прометот изнесува 13.965.911,84 денари од кои 12.926.793,00 денари им припаѓа на акции, а 1.039.118,84 денари на обврзници.