Претпријатието "АГРОКУМАНОВО" А.Д. е основано во 1967 година, како деловна единица на Р.О. "АГРООПРЕМА" Белград.
Компнијата се занимава со трговија на големо и мало со цевки, профили, носачи, флахови, винкли, челици, електроди, жица за CO2 заварување, лимови, нафта и нафтени деривати, земјоделска механизација, стоки за широка потрошувачка.
Друштвото е лоцирано во Индустриска зона на Куманово, 2 км од автопатот Љубљана-Атина и 1,5км од жележничка станица.
Моменталниот број на лица кои работат во оваа компанија изнесува 90.