Сабота 31 Јули 2010
search
banner
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
коментари

Јануарскиот промет на Македонската берза намален за четвртина


Вкупниот месечен промет на Официјалниот пазар за месец јануари на Македонската берза изнесува 161.054.811,45 денари или 11,19% помалку споредено со истиот месец 2008 година, кога прометот изнесуваше 179.079.988,97 денари.



Прометот остварен на Редовниот пазар за месец јануари изнесува 43.527.121,00 денари, споредено со месец декември забележуваме пад од 85,38%.
Вкупниот промет на сите пазари, во првиот месец годинава изнесува 204.581.932.45 денари (-26,98%) за разлика од претходниот месец 2009 година, кога изнесуваше обемот на прометот изнесуваше 259.768.580,57 денари.

Во првиот месец од 2010 година на Македонската берза се тргуваше со вкупно 77  хартии од вредност од кои 24 акции од нив беа со пад, додека 23 имаа  остварија зголемување на својата акција. Останатите 30 акции завршија без промени.

Со тргувањето на акциите беше остварен вкупен промет од 168.370.221 денари, додека со тргувањето на обврзниците се оствари промет од 204.581.932,45 денари.
На месечно ниво, два индекси на Македонската берза имаа позитивно движење, додека пак индексот ОМБ месецот го затвори со незначителен пад.

Вредноста на индексот на МБИ на месечно ниво оствари пораст од 4,60%, односно на почетокот од месецот стартуваше со 2.716,38 индексни поени додека на крајот од јануари затвори со 2.841,31 и.п. МДБИ исто така затвори во позитива со 1,71%, на почетокот стартуваше со 3.042,88 и.п., а затвори со 3.094,79 индексни поени. Само ОМБ изгуби минимален дел од својата вредност односно - 0,03%, односно на почетокот од месецот стартуваше со 110,06 а заврши со 110,03 индексни поени.

Најголем промет не месечно ниво беше остварено со тргувањето на Обврзницата за денационализација од 8-мата емисија (РМДЕН08) во вредност од 31.795.924,49 денари. Втора на листата се најде акцијата на Алкалоид Скопје (максимална цена од 5.000,00) со промет во вредност од 23.942.806,00 денари, по нив следеа Комерцијална банка Скопје (максимална цена од 2.941,00 ден.) со 17.018.503,00 денари , Тутунска банка Скопје (максимална цена од 5.000 ден.) со 13.790.904,00 денари и Стопанска банка Битола (максимална цена од 3.700,00 ден.) со 11.241.414,00 денари.

Во  јануарската листа на добитници се најдоа Жито Скопје, со пораст од 46,67 отсто, Тетекс Тетово освои 30,91% , РЖ Уготур Скопје со +13,65% раст , РЖ Техничка контрола Скопје освои позитивни 5,45% и РЖ Услуги Скопје со раст од 4,34 отсто.

Најголеми губитници за месец јануари 2010 година беа Металец Прилеп со загуба од -36,84%, Доматти Свети Николе со загуба од -28,03% , Металец Битола - 20,14% пад од -18,88% забележа Хотели Метропол Охрид и Винарска визба Тиквеш Скопје со -16 ,67%.
banner